Македонија Времето денеска облачно со врнежи од дожд

Времето денеска облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места ќе има повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Најниска температура од минус 2 Целзиусови степена утрово е измерена во Берово, а највисоката 8 степени во Демир Капија.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 11 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.