Македонија Времето облачно со умерен северен ветер

Времето облачно со умерен северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со умерен северен ветер. Во вечерните часови, особено во западните делови од земјава, повремено ќе провејува снег.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а максималната ќе се искачи до 5 степени.