Македонија Времето денеска облачно со температура до 16 степени

Времето денеска облачно со температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со слаб јужен ветер, додека по котлините ќе биде магливо. Минималните температури ќе се спуштат од минус 3 до 4 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат од 6 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност со слаб јужен ветер, како и појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, додека дневната ќе достигне 9 Целзиусови степени.

Стабилно и суво време се очекува до среда, со појава на умерена до значителна облачност и слаб јужен ветер. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините.