Македонија Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Пообилни врнежи ќе има во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се искачи до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 20 степени.