Македонија Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава, а попладне и во вечерните часови можно да има ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 19 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температурата ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.

Врнежи од дожд проследени со грмежи се очекуваат и во текот на утрешниот ден и ќе има опаѓање на температурата за 4 до 5 Целзиусови степени.