Македонија Времето денеска облачно со повремен локален дожд

Времето денеска облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд, особено во западните делови од земјата.

Според најавите на УХМР, почнувајќи од запад повторно ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност од Медитеранот, која ќе донесе нови врнежи од дожд.

Поради продор на постуден воздух од север, на планините повисоки од 1.000 метри, во Западна Македонија, има веројатност врнежите постепено да поминуваат во снег.

Дневната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 Целзиусови степени.