Македонија Времето денеска, облачно со дожд

Времето денеска, облачно со дожд

Есен

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 15 степени.