Македонија Oблачно, дождливо и ветровито

Oблачно, дождливо и ветровито

Времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните и во северните делови од земјава. Ќе дува слаб, а на повисоките места умерен ветер, претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 1 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 9 степени.