Македонија Времето денеска облачно и магливо

Времето денеска облачно и магливо

Времето денеска ќе биде облачно и магливо, со сончеви периоди на повисоките места. Максималната дневна температура ќе се движи од 9 до 15 Целзиусови степени.

Во поголемиот дел од земјава утринава има појава на магла и на ниска облачност, а само на повисоките места во западните делови е сончево со мала до умерена облачност. Видливоста е најмала во Пелагонија и во Демир Капија, каде што изнесува 50 метри.

Во Скопје има појава на магла и ниска облачност, која ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се искачи до 2 Целзиусови степени, а максималната дневна до 8 степени.