Македонија Сончево, топло и умерено ветровито

Сончево, топло и умерено ветровито

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува слаб ветер, особено на планините, со умерен на моменти засилен интензитет од западен и од југозападен правец. Кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста. Максималната дневна температура ќе достигне 19 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.