Македонија Времето денеска и со сонце и со дожд

Времето денеска и со сонце и со дожд

Променливо време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува денеска во Македонија.

Утринската температура се движеше од 14 до 22 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 22 и33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со дневна температура до 32 Целзиусови степени.

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови на земјава.

В петок и в сабота условите за нестабилност ќе се намалат, а потоа ќе продолжи периодот на нестабилно време во попладневните часови.