Македонија Времето денеска дождливо со пад на температурата

Времето денеска дождливо со пад на температурата

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Врнежи ќе има и преку ноќта.

Максималната температура ќе биде за 5 Целзиусови степени пониска од денешната.

Од денеска па сè до крајот на продолжениот празничен викенд, нашата земја ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Времето ќе биде претежно облачно и свежо, со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни, а на југ проследени и со ретки грмежи.