Македонија Времето денеска облачно, со повремен локален дожд

Времето денеска облачно, со повремен локален дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, кој ќе биде проследен со повремен локален дожед.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 9 до 13 степени.

Од сабота следува период на стабилно и на суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а преку денот ќе има затоплување, односно температурата на воздухот ќе биде во благ пораст.