Економија Вредноста на акциите на Лондонската берза се зголеми, фунтата падна

Вредноста на акциите на Лондонската берза се зголеми, фунтата падна

Најновите мерки на Централната банка на Англија денеска ја подигнаа вредноста на акциите на Лондонската берза, но фунтата повторно падна.

Индексите на европските берзи во Европа, САД и во Азија паднаа бидејќи трговците продолжија да ја следат кризата во италијанскиот банкарски сектор.

Имено, Европската централна банка предупреди дека банката „Монте деи Паски де Сијена“, која е трета најголема италијанска банка, има исклучително високо ниво на „лош“ долг.

На валутните берзи, фунтата се најде под притисок, повторно паѓајќи на 31-годишен минимум од 1,3055 долари.