Македонија Вработените во МИА повторно на протест

Вработените во МИА повторно на протест

Ова е седми предупредувачки протест поради тоа што нивните барања за зголемување на платите не се најдоа на дневен ред на владината седница одржана на 1 август

фото: ССНМ

Вработените во Медиумската информативна агенција (МИА) денеска повторно за време на паузата излегоа на протест за да го изразат незадоволството од непостапувањето по нивните барања, соопштија од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ).

Ова е седми предупредувачки протест поради тоа што нивните барања за зголемување на платите не се најдоа на дневен ред на владината седница одржана на 1 август.

Покрај зголемувањето на платите, вработените во МИА бараат и порамнување на трошоците за живот.

Новинарите и медиумските работници во МИА повторија дека ги разгледуваат сите опции за радикализација на протестот доколку не се реализираат нивните барања, но за тоа ќе се разговара на следниот собир на вработените закажан за в понеделник во 11 часот.