Свет Европа Вработените во Ајфеловата кула штрајкуваат поради ограбувањето туристи

Вработените во Ајфеловата кула штрајкуваат поради ограбувањето туристи

Ајфеловата кула денеска е затворена за посетители поради штрајкот на вработените кои протестираат поради џепчиите, кои стануваат сè поагресивни и ги ограбуваат туристите, чија бројка на дневно ниво изнесува неколку илјади.

Протестот почна еден ден откако париските власти соопштија дека криминалот на туристите во главниот град на Франција се намалил благодарение на зголеменото присуство на полицијата и на видеонадзорот.

Компанијата што управува со Ајфеловата кула соопшти дека денеска не ги отворила своите капии за посетителите затоа што персоналот е загрижен поради ограбувањето на туристите и настојува полицијата да најде решение.

Сличен штрајк во 2012 година направија и вработените во Лувр, исто така поради ограбување туристи.