Хроника Вработен во МВР осомничен за несовесно работење во службата

Вработен во МВР осомничен за несовесно работење во службата

Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) поднел кривична пријава против гостиварецот М.Н. (35), вработен во МВР како советник за управни работи, кој се товари за несовесно работење во службата.

Како што информираат од МВР, во 2014 година пописната комисија на СВР Тетово, по извршениот редовен попис, констатирала кусок пари во отсекот за управни работи во гостиварскиот оддел за моторни возила.

По извршената контрола во евиденциите за регистрирани возила, СВКПС утврдил кусок на уплати за регистарски таблички во износ од 197.000 денари, за кој осомничениот М.Н. пропуштил да изврши надзор над работата и над евиденциите на референтите.