Хроника Вработен во битолски „Комуналец“ незаконски продавал гробни места

Вработен во битолски „Комуналец“ незаконски продавал гробни места

Педесет и едногодишен битолчанец, вработен во ЈП „Комуналец“ – Битола, е осомничен дека незаконски продал две гробни места на едно лице, а парите си ги зел за себе, информираат од полицијата.

Против него СВР Битола поднела кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според полицијата, осомничениот во август 2013 година, иако немал овалстување да врши продажба, на едно лице му продал две гробни места, а прите, односно 33.000 денари, ги зел за себе.