Македонија Возовите од попладнево не сообраќаат, машиновозачите бараат патни трошоци

Возовите од попладнево не сообраќаат, машиновозачите бараат патни трошоци

Патничките и товарните возови не сообраќаат, почнувајќи од возот на релацијата Скопје-Гевгелија кој поаѓа од главниот град во 16:55 часот

Фото: Мета.мк

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 16 часот е во прекин, откако машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт стапија во бојкот поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец.

Патничките и товарните возови не сообраќаат, почнувајќи од возот на релацијата Скопје-Гевгелија кој поаѓа од главниот град во 16:55 часот. Засега нема информации до кога ќе трае бојкотот на работењето од страна на машинскиот персонал во претпријатието.

Железници на РСМ-Транспорт во континуитет има проблеми со исплата на платите и другите надоместоци на вработените. Последен пат, кон крајот на август и почетокот на септември две недели беше во прекин железничкиот превоз во земјава поради неисплатени плати кон вработените.