Свет Балкан Возобновена железничката линија од македонско-косовската граница до Косово Поле

Возобновена железничката линија од македонско-косовската граница до Косово Поле

„Денеска отворивме два тунела - едниот со должина од 262 метри, а другиот со должина од 122 метри - кои беа целосно срушени“, рече Курти на отварањето

Принтскрин: Фејсбук страна на Албин Курти

Премиерот на Косово Албин Курти вчера пушти во употреба два обновени тунела на железничката линија од македонско-косовската граница до Косово Поле. Со тоа по подлог период, односно од рушењето на мостовите во војната во 1998-99 година, повторно е во употреба железничкиот транспорт во овој дел од Косово.

Според Курти, ова е еден од најзначајните настани за косовската инфраструктура.

„Рехабилитацијата на железничката линија 10 предвидува 13 нови мостови и 7 реконструирани тунели. Денеска отворивме два тунела – едниот со должина од 262 метри, а другиот со должина од 122 метри – кои беа целосно срушени“, рече Курти на отварањето.

Според него со линијата 10 и пругата Приштина-Драч, Косово станува дел од Трансевропската транспортна мрежа.

Тука возот некогаш можел да развие брзина не поголема од 60 километри на час. Со новата пруга тој ќе може да се движи со брзина од над 100 километри на час. Како што го забрзуваме возот, посакуваме и веруваме дека овој проект ќе го забрза растот и развојот на Републиката“, рече Курти.