Хроника Воз прегазил татко и син, илегални мигранти

Воз прегазил татко и син, илегални мигранти

Авганистански државјанин и неговиот малолетен син, вчеравечер загинале кога во нив удрил товарен воз кој се движел на железничката пруга Скопје – Гевгелија, информираат од полицијата.

Несреќата се случила околу 22.30 часот, кај местото Јаворица, а таткото и синот кои се движеле со поголема група авганистански државјани, илегални мигранти, починале на самото место.

За помалку од една недела, ова е трет случај во кој илегални мигранти од Авганистан и од Сирија гинат на железничките пруги во земјава.