Хроника Воз прегазил 24-годишен Сириец

Воз прегазил 24-годишен Сириец

Вчера, околу 11 часот, во полициската станица во Неготино, било пријавено дека на железничката пруга на излезот од Демир Капија кон Неготино било пронајдено машко тело, прегазено од воз, информираат од полицијата.

Јавен обвинител и екипа на неготинската полиција извршиле увид на местото, во кој било утврдено дека станува збор за 24-годишен Сириец, илегален мигрант. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.