Подглавна секција Вооружен напад во училиште во Русија: Убиени 13 лица од кои 7...

Вооружен напад во училиште во Русија: Убиени 13 лица од кои 7 деца

Архивска фотографија од градот Ижевск во централна Русија каде денеска се случи вооружен напад во училиште при што загинаа 13 лица, од кои 7 деца | Фото: Вјачеслав Букаров, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Вооружен напаѓач уби 13 лица, вклучувајќи седум деца, и рани уште 21 лице во училиште во централна Русија, соопштија денеска тамошните власти.

Рускиот Истражен комитет соопшти дека пукотниците се случиле во училиште во Ижевск, град кој е оддалечен 960 километри од Москва, во регионот Удмуртија, објавија светските агенции. Како што соопштил Комитетот, од ранетите 14 се деца, а 7 се возрасни.

Градоначалникот на Удмуртија, Александар Бречалов, во видео-изјава посочил дека сè уште неиндетификуваниот напаѓач се самоубил.

Во ова училиште настава посетуваат ученици од 1 до 11 одделение во рускиот образовен систем. Областа околу училиштето е евакуирана и поставен е кордон, посочил градоначалникот.

Според Истражниот комитет, напаѓачот носел црна маица со „нацистички симболи“. Нема повеќе детали за напаѓачот или неговиот мотив.

Ижевск е град со 640.000 жители лоциран западно од Уралските планини во централна Русија.