Свет Европа Вооружен маж се забарикадирал во хотел во Франција

Вооружен маж се забарикадирал во хотел во Франција

Вооружен маж, наводно, се забарикадирал во хотел во Јужна Франција, а полицијата го блокирала пристапот до објектот во периметар од 250 метри. Засега не се познати мотивите на вооруженото лице, јавуваат француските медиуми.

Полицијата, заедно со екипите за брза помош, се наоѓа на местото на инцидентот, односно хотелот на „Формула 1“ во Болн. Хотелот е евакуиран.