Хроника Вооружен грабеж на бензинска станица во Куманово

Вооружен грабеж на бензинска станица во Куманово

Доцна синоќа се случил вооружен грабеж на бензинска станица во Куманово. Грабежот, како што информираат од МВР, се случил  нешто по полноќ, на бензинската станица „Китка петрол“, лоцирана на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Две машки лица, маскирани со маски на глава, ракавици и со пиштоли, влегле во бензинската станица.

Едното му вперило пиштол в глава на вработениот и потоа двапати го удрило со пиштолот во предел на главата, му ги одзело парите од дневниот пазар, а потоа и парите од фиоката (околу 7.000 денари).

Другото лице влегло во канцеларија кај втората вработена и со закана ѝ барало пари.

Сторителите одзеле повеќе кутии разновидни цигари  и  лименки со пијалаци, по што побегнале во непознат правец.

Увид на местото на грабежот извршила екипа од СВР – Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.