Главна секција Вонредна седница на владата за уставните измени

Вонредна седница на владата за уставните измени

Владата денеска во 16 часот ќе одржи вонредна седница на која што единствена точка на дневен ред ќе биде – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија.

Засега е непознато дали Владата обезбедила двотретинско мнозинство во парламентот за уставни измени со цел применување на Договорот од Преспа.