Економија „Волво“ ќе отпушти 3.000 работници

„Волво“ ќе отпушти 3.000 работници

Волво

Три илјади работни места ќе затвори шведскиот производител на возила „Волво“ во рамки на планот за штедење за зголемување на рентабилноста.

Оваа група, со седиште во Гетеборг, која ја поседува филијалата на „Рено“ за производство на камиони, „Рено тракс“, соопшти дека со планот за реструктуирање предвидува заштеда од 3,5 милијарди шведски круни (380 милиони евра) до крајот на 2015 година.