Македонија Волци задавиле коза и куче во Средно Нерези

Волци задавиле коза и куче во Средно Нерези

Синоќа волци влегле во дворови на куќите во населбата Средно Нерези во Скопје и задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска Општина Карпош.

Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби.

Општина Карпош ги предупредува граѓаните на крајна внимателност и да се воздржат од ноќни прошетки по Водно.

Ова не е прв пат во Општина Карпош „на гости” од планината Водно да се спуштаат и да напаѓаат домашни животни меѓу жителите, стои во соопштението.

Случајот во полиција денеска го пријавил жител на Горно Нерези, чии биле убиените животни.