Македонија Војниците бараат откако ќе наполнат 45 години да работат во МВР

Војниците бараат откако ќе наполнат 45 години да работат во МВР

Професионалните војници бараат откако ќе наполнат 45 години старост да бидат прераспоредени од Министерството за одбрана во Министерството за внатрешни работи.

Ова било тема на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со претставници на Независниот синдикат на професионалните војници.

„Претставниците од Независниот синдикат му го образложија своето барање на министерот Спасовски. Тие се повикуваат на членот 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија, според кој професионалните војници со навршување на 45 години може да бидат прераспределени во други институции. Во конкретниот случај, од Независниот синдикат бараат превземање од Министерството за внатрешни работи, односно граничната полиција“, стои во соопштението на МВР.

Спасовски на состанокот рекол дека барањето на синдикатот ќе го отвори на седница на Владата.