Македонија Водици, неработен ден за православните христијани

Водици, неработен ден за православните христијани

Верниците од православна вероисповед утре го празнуваат празникот Богојавление, односно Водици, кој се прославува на 19 јануари според верскиот календар.

Според Законот за државни празници, за православните верници, вторник, 19 јануари е неработен ден, информираат од Министерството за труд и социјална политика.