Галерија Водителот Марко со вентилатор го чистеше скопскиот воздух!

Водителот Марко со вентилатор го чистеше скопскиот воздух!

Водителот Марко Новевски со вентилатор го чистеше воздухот во центарот на Скопје, а за својот потег изјави дека не се работи за нов ТВ-проект, туку дека се работи за неговиот град.

– Воздух полн честички вдишуваме секојдневно, несвесни дека, всушност, и самите можеме да придонесеме кон заштита на околината во која живееме. Затоа се одлучив за ваква форма на „чистење“, па, ако е потребно, секој ден ќе го правам истото! Нашиот град – од мене зависи! Од сите нас зависи! – истакна Марко.