Свет Европа Во Турција уапсени членови на ИД кои подготвувале напад

Во Турција уапсени членови на ИД кои подготвувале напад

Турските власти објавија дека се уапсени шест лица осомничени дека се припадници на Исламска држава, кои планирале да изведат напад во градон Коња во централниот дел на Турција.

Локалниот гувернер, Муамер Ерол, соопшти дека шест странски државјани синоќа биле уапсени во Коња и додаде дека оваа група подготвувала напади на стратешки локации во градот.

Од минатиот јули во Турција се случија шест бомбашки напади, од кои за четири беа обвинети припадниците на Исламска држава.