Култура Во центарот на Скопје парада на Градскиот дувачки оркестар

Во центарот на Скопје парада на Градскиот дувачки оркестар

Со „чекорници“ во централното градско подрачје

Денеска во 11 часот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи параден концерт со „чекорници“. Оркестарот ќе се движи од централното градско подрачје, односно од Музејот на Град Скопје, до паркот Жена-борец.

Според најавата, ќе бидат изведени „Патриотска чекорница“, „Вашингтон пост марш“, „Трета македонска бригада“, „Младинска чекорница“, „Вардаре македонски“, „Огномет на слободата“, „Во спомен на Ваташа“, „За сите деца“, „Дикси парада“ и „Работнички“, информира прес-службата на Град Скопје.

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, е составен од членови, главно, професионални музичари и од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а нивните досегашни настапи им даваа свечена нота на речиси сите државни празници и значајни манифестации.