Свет Балкан Во цела Бугарија ќе се гласа на гласачки машини

Во цела Бугарија ќе се гласа на гласачки машини

На парламентарните избори напролет, на сите гласачки места во Бугарија ќе мора да има поставено гласачки машини, наместо само на 500 како што се очекуваше досега, јавија бугарските медиуми.

Со одлука на бугарскиот Врховен административен суд, на предвремените избори на 26 март годинава, централната изборна комисија на Бугарија ќе мора да обезбеди апарати за гласање на сите гласачки места. Според сегашните законски мерки, тоа требаше да се случи дури во 2018 година, кога требаше да се одржат редовните парламентарни избори. Досега се користеа мал број гласачки машини, на некои избирачки места.

Судот решаваше по жалба на Нова република на Радан Кнев.

Пред донесувањето на пресудата, бугарската влада порача дека ќе се почитува секаква одлука на судот и ако биде решено да има машини за гласање на сите избирачки места, привремената влада ќе го исполни тоа.