Дописници Во Tетово се одржа манифестацијата „Недела на различности“

Во Tетово се одржа манифестацијата „Недела на различности“

Здружението „Мултикултура“ традиционално, петти пат, ја организира манифестацијата „Недела на различности“. Целта на манифестацијата е да се промовираат заедничките вредности, без разлика на социјалната, политичката и на етничката припадност, преку промоција на храна, ракотворби и на разни уметнички дела.

– Ова е настан каде се рефлектираат културите од различни етнички заедници на едно место. Тука имаме приготвена и изложена храна од различни етникуми, карактеристични за нивната заедница, имаме и детско катче, имаме и разни здруженија, кои ќе се престават со разни културно-уметнички точки. Ова е значаен настан за градот, каде луѓето од различни култури имаат можност да се запознаат – изјави Христина Василевска од здружението „Мултикултура“.

Неделата на различности продолжува утре во Гостивар, а во рамките на манифестацијата, ученици од Средното текстилно училиште од Тетово ќе ги посетат Штип и Кочани.