Свет Европа Во Средоземно Море спасени 651 мигрант

Во Средоземно Море спасени 651 мигрант

Во неколку спасувачки операции, во Средоземно Море се спасени вкупно 651 мигрант, соопшти денеска крајбрежната стража и воената морнарица на Италија.

Се проценува дека добрите метеоролошки услови ги натерале луѓето повторно да тргнат на пат од Либија кон Италија.

Како што се наведува во соопштението, крајбрежната стража спасила 360 лица, кои пловеле со три гумени чамци. Брод на организацијата „Лекари без граници“, пак, во две одделни операци спасил вкупно 191 лице, додека италијанската морнарица спасила 100 мигранти.