Свет Балкан Во Србија регистриран првиот случај на Западнонилска треска

Во Србија регистриран првиот случај на Западнонилска треска

Во Србија е регистриран првиот лабораториски случај на инфекција со вирусот на Западен Нил. Ова денеска беше објавено во извештајот на Институтот за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ Батут“. Станува збор за маж на 56 години, од територијата на Јужнобанатскиот округ и се наоѓа на болничко лекување.

Инфекцијата првпат меѓу луѓето во Србија е регистриана кон крајот на јули 2012 годин. До почетокот на овој месец во земјите на ЕУ се регистрирани шест случаи на заболување од вирусот и тоа четири во Италија, по еден во Бугарија и Романија, а надвор од границите на ЕУ во Израел три случаи.

Како што наведува Институтот 80-90 отсто од инфицираните со вирусот на Заподнонилска треска немаат никакви симптоми и знаци на болеста.