Свет Балкан Во Србија на 24 април ќе се одржат и локални избори

Во Србија на 24 април ќе се одржат и локални избори

Локалните избори во Србија ќе се одржат на 24 април, заедно со предвремените парламентарни избори, одлучи денеска претседателката на српското собрание, Маја Гојковиќ.

На локалните избори ќе се избираат членови на собранијата на градовите и на општините, кои потоа ќе ги избираат градоначалниците.

Последните локални избори во Србија се одржаа во 2012 година.