Македонија Во Солун средба меѓу Попоски и Коѕиас

Во Солун средба меѓу Попоски и Коѕиас

Солун даде нова можност за билатерални разговори меѓу Македонија и Грција. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, утринава се среќава со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, на маргините на регионалниот состанок за бегалската криза, кој вчера и денеска се одржува во Солун.

Средбата е нова можност да се поразговара за билатералнитe прашања, мерките за градење доверба и за продлабочување на соработката меѓу двете страни.

Попоски во текот на денот ќе има и билатерална средба со неговиот бугарски колега, Даниел Митов.

Денеска во рамки на состанокот има средба на претставниците на министерствата за внатрешни работи на Македонија, Грција, Албанија и на Бугарија, а подоцна ќе има и заедничка средба и со министрите за надворешни работи, за да се донесат конечни заклучоци околу начините за подобрување на прекуграничната соработка во регионот, надминување на проблемите наметнати од бегалската криза и за други прашања.