Главна секција Во Собранието ќе се расправа за предлог-буџетот за 2016 година

Во Собранието ќе се расправа за предлог-буџетот за 2016 година

Расправата по дополнетиот предлог-буџет за 2016 година, треба да почне денеска на пленарната седница во Собранието на Македонија.

Како што соопшти министерот за финансии, Зоран Ставрески, основните карактеристики на предлог-буџетот за 2016 година, се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 проценти оваа година, на 3,2 проценти следната година.

Зголемување на средствата за пензии, социјална помош и за капитални инвестиции, односно зголемување на пензиите и на социјалната помош за 5 проценти и значително зголемување на капиталните инвестиции за да се поттикне развојната компонента на буџетот.

Вкупните приходи во буџетот за следната година се планирани на ниво од 176.804.000.000 денари, што е за 6 проценти повисоко од 2015 година. Вкупните расходи се проектирани на 195.788.000 денари и се за 4,7 проценти повисоки од 2015 година.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18.984 милиони денари и ќе биде 3,2 проценти од БДП.

Капиталните инвестиции, како што рече, се планирани на 25.092 милиони денари, каде има зголемување за 12,9 проценти во однос на 2015 година.

Порастот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти.