Видео Во снимањето на „Брзи и бесни 7“ се уништени 230 автомобили

Во снимањето на „Брзи и бесни 7“ се уништени 230 автомобили

Најверојатно и возрасните мажи заплакаа кога неодамна на еден отпад во Колорадо беа здробени 30 автомобили „мерцедес“ што беа користени за филмот „Брзи и бесни 7“, пренесе „За забава“.

Меѓутоа, ова е само мал дел од повеќе од 230 возила кои биле уништени за време на снимањето на акциониот спектакл, во кој главните улоги ги толкуваат Вин Дизел, Џејсон Статам и покојниот Пол Вокер.

Иако одредени примероци од марките „мерцедес“, „мицубиши“ и „форд“, кои се појавија во филмот, биле во возна состојба, продуцентите инсистирале на нивното целосно демолирање за да се избегне можноста некој евентуално да се повреди во автомобилите кои се специјално наменети за акциони сцени.

А, дека не се жалело ни пари, најдобро покажува податокот дека само во текот на снимањето за сцените со бркање во Колорадо се уништени повеќе од 40 различни возила – од брзи автомобили до автобуси.