Македонија Во Скопје ќе се прска против комарци

Во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје ќе изврши второ авионско и терестрично прскање против комарци.

Авионското прскање ќе се изврши в петок и в сабота во периодот од 5.30 до 8.00 часот, додека аеросолната дезинсекција ќе се одвива од 28 јуни до 2 јули во периодот, од 23 часот до 4 часот наредниот ден.

Од Градот Скопје информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.