Македонија Во Скопје и во Тетово енормно загаден воздух

Во Скопје и во Тетово енормно загаден воздух

Во Скопје и во Тетово утринава загаденоста на воздухот е енормно голема, а според индексот на загадување, нивото на суспендирани честички PM 10 е високо во неколку скопски населби.

Според податоците објавени на веб-страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, загаденоста е голема во скопските населби Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба, како и во Тетово.
Во текот на вчерашниот ден, во сите овие места било зголемено нивото на овие честитки во просек за четири пати.