Свет Во САД уапсени шестмина кои сакале да се приклучат на ИД

Во САД уапсени шестмина кои сакале да се приклучат на ИД

Американските власти привеле шестмина луѓе од Минесота, кои се осомничени дека имале намера да патуваат во Сирија и да се приклучат на екстермистичката група Исламска држава.

Обвинителството на Минесота соопшти дека шетмината мажи кои меѓусебно се познавале, биле надгледувани во последните десет месеци, а потоа и уапсени, четворица во Минесота и двајца во Сан Диего.

Тие се обвинети дека имале намера да дадат материјална поддршка на странска терористичка организација и дека биле во контакт со извесен Абдиј Нур, исто така од Минесота, кој бил задолжен за регрутирање борци од странство.

Според властите на Минесота, повеќе граѓани на таа сојузна држава во текот на изминататите години патувале во Сирија за да се борат заедно со екстермистите, а најмалку еден од нив загинал.