Свет Во САД егзекутиран сериски убиец

Во САД егзекутиран сериски убиец

Властите во сојузната американска држава Вирџинија синоќа го погубија серискиот убиец Алфредо Прието.

Судот во Вирџинија во 2010 година го осуди на смртна казна 49-годишниот Прието, поради силување и убиство на 22-годишна девојка, како и за убиство на негов пријател, извршени пред повеќе од две децении. Прието, исто така, е осуден на смрт и во Калифорнија за силување и за убиство на 15-годишно девојче.