Економија Во првите три месеци бројот на туристи зголемен за 16,7 проценти во...

Во првите три месеци бројот на туристи зголемен за 16,7 проценти во однос на лани

Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 18,4 проценти, а кај странските има зголемување за 15,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21 процент и тоа кај домашните туристи има зголемување за 29,5 проценти, а кај странските има зголемување за 15,1 отсто.

Бројот на туристите во март 2016 година изнесува 44.593 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 23,3 проценти. Бројот на ноќевањата изнесува 94.566 и во однос на истиот месец лани е зголемен за 25,8 проценти.