Економија Во првиот квартал, имаме пад на извозот за 173.364 долари, а на...

Во првиот квартал, имаме пад на извозот за 173.364 долари, а на увозот за 330.958 илјади долари

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април 2015 година изнесува 1.350.474 американски долари, а на увозот 1. 998.289 долари.

Извозот, лани во истиот период изнесувал 1.523 .838 долари и во споредба со истиот период годинава има пад од 173.364 долари.

Увозот, лани во истиот период изнесувал 2.329.247 долари и во споредба со истиот период годинава, има пад од 330.958 долари.

Покриеноста на увозот со извоз е 67,6 процнети. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2015 година, изнесува 647.815 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и од челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-април 2015 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (77 проценти) и земјите од Западен Балкан (11.3 проценти), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (62,9 проценти) и останати земји, на друго место неспомнати (11,7 проценти).

Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија (50,4 проценти од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).