Македонија Во пожар во Старо Коњарево изгореле 40 крави и 10 телиња

Во пожар во Старо Коњарево изгореле 40 крави и 10 телиња

Вкупно 40 крави и 10 телиња, потоа трактор огревно дрво и друга земјоделска механизација изгореле во голем пожар во три објекти синоќа во селото Старо Коњарево, општина Ново Село.

Пожарот избувнал доцна попладнето и е локализиран на полноќ, а пожарникарите не дозволиле да се прошири кон соседните куќи и објекти. Во гаснењето учествувале пет противпожарни возила од Струмица и Ново Село со десетина пожарникари.

Се врши истрага за причините за пожарот.