Хроника Во пожар изгоре дел од потпокривот на „Велково меанче“

Во пожар изгоре дел од потпокривот на „Велково меанче“

Денеска во пожар во скопската кафеана „Велково меанче“ изгоре помошниот дел во потпокривот и неколку машини, пренесуваат медиумите.

Нема информации за настрадани лица.

Според информациите, кратко време по избувнувањето на пожарот, на местото пристигнале четири протипожарни возила, а на помош биле повикани уште три.

Во гаснењето на пожарот учестувале 20 пожарникари. Како што известуваат медиумите, според очевидци, покривната конструкција горела бргу бидејќи била од дрво, што го отежнало гаснењето.

Причините за пожарот ќе ги утврдува истрагата на надлежните органи.