Македонија Во повеќе затвори во земјава затворениците штрајкуваат со глад

Во повеќе затвори во земјава затворениците штрајкуваат со глад

Затворениците од „Идризово“ втор ден штрајкуваат со глад. Целта е вниманието на јавноста да се сврти кон нив, сакајќи да ги покажат нечовечките услови во кои престојуваат.

Штрајкот денеска се шири низ повеќе затвори, а затворениците негодуваат поради преполнетоста на просториите, но и поради лошата храна.

Надлежните во затворите се известени за штрајкот и признаваат дека во „Идризово“ капацитетот е за 800 затвореници, а се сместени близу 2.000.

Македонија во секој извештај на меѓународните организации за човекови права е критикувана за нехуманите услови во затворите.